СП 2022 | Расплет во групите А и Б: Англија и Холандија во „пол-позиција“, Сенегал мора да победи

Фудбалерите од Премиер лигата најзастапени на Мундијалот во Катар/фото: EPA-EFE/Neil Hall

Две кола се завршени, денеска ќе се игра последното решавачко трето коло по кое ќе се дознае кој ќе оди во осминафиналето на Светското првенство во Катар.

Од 16.00 часот во групата „А“ ќе играат Сенегал – Еквадор и Холандија – Катар, а во групата „Б“ о 20.00 часот Иран – САД и Велс – Англија.

За Холанѓаните доволен ќе им биде и бод за влез во нокаут-фазата, а можат и со пораз под услов Еквадорците загубат со поголема разлика од Сенегал. Доколку Еквадор одигра нерешено, „лалињата“ можат да си дозволат и пораз од еден гол разлика.

Сенегал може во осминафиналето со триумф над Еквадор. Во случај на реми, африканската селекција мораа да чека пораз на Холандија од Катар, но со најмалку три разлика. Или Холанѓаните да бидат поразени со два разлика, а Сенегалците да постигнат повеќе голови од составот на Луј ван Гал во последното коло.

Англија во осминафиналето може да се пласира со победа или реми против Велс. Англичаните можат да си дозволат пораз доколку ремизираат Иранците и Американците.

САД со триумф над Иран сигурно ќе оди во следната фаза, додека Велшаните треба со четири голови разлика да ја победат Англија, или со било кој триумф, доколку вториот меч заврши нерешено.

Иран може да биде осминафиналист со победа над САД. Доколку биде нерешено, мора да се надева дека Англија нема да загуби од Велс или да не загуби со повеќе од шест голови разлика.

СП 2022 Катар

Група „А“
Трето коло, двојки –

16.00 часот Еквадор – Сенегал
16.00 часот Холандија – Катар

Табела:

1. Холандија (3:1) 4 бодови
2. Еквадор (3:1) 4
3. Сенегал (3:3) 3
4. Катар (1:5) 0

Група „Б“
Трето коло, двојки –

20.00 часот Иран – САД
20.00 часот Велс – Англија

Табела:

1. Англија (6:2) 4 бодови
2. Иран (4:6) 3
3. САД (1:1) 2
4. Велс (1:3) 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот