Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Ковид болница. / Фото: EPA-EFE/MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Велика Британија може да стане една од најтешко погодените земји од пандемијата на коронавирусот во Европа.

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 3.088.116 лица. Од нив починале 212.795, а оздравеле 935.115 луѓе.

– Католичките цркви во Словенија следната недела повторно ќе ги отворат своите врати за верниците по подолг период, откако беа затворени поради епидемијата на Ковид-19 и беше забрането присуство на мисите.

– Во британските болници починаа уште 552 лица позитивни на коронавирус. Од нив 38 имале и други здравствени проблеми.

– Португалија в сабота ќе ја укине вонредната состојба, најави шефот на државата Марсело Ребело де Соса. Во земјата досега има над 24.000 заразени и 948 починати од Ковид-19.

– Шкотската Влада препорача носење заштитни маски за лице на јавни места како заштита од ширење на новиот коронавирус.

– Епидемиолошкиот институт „Роберт Кох” смета дека Германија е на добар пат кон контролирање на епидемијата на коронавирусот и ги повика граѓаните да се придржуваат кон прописите за спречување на заразата, со цел земјата да остане во релативно добра положба.

– Стапката на невработеност во Шпанија се зголеми во првото тромесечие првпат за една година, надминувајќи 14 отсто поради пандемијата на Ковид-19, соопшти Државниот завод за статистика.

– Тајван со 23 милиони население има само шест починати лица од новиот коронавирус.

– Велика Британија може да стане една од најтешко погодените земји од пандемијата на коронавирусот во Европа, според податоците кои покажуваат дека бројот на починати надмина 20.000 од 17 април, вклучувајќи ја и бројката од домовите за стари и изнемоштени лица во Англија и Велс.

– Австралија го повика кинескиот амбасадор да ја објасни заканата за евентуален економски притисок врз Канбера, откако таа побара меѓународна истрага за појавувањето и ширењето на коронавирусот.

– Вакцината против коронавирус нема да биде подготвена до крајот на следната година, порача Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот