Сослушана мајката на Северина: На Ана ѝ се слошило, сведочела за тепачката на своите ќерки

Северина и нејзината мајка Ана Вучковиќ
Северина и нејзината мајка Ана Вучковиќ / Фото: Инстаграм, Северина Вучковиќ

Мајката на хрватската пејачка Северина Вучковиќ, Ана, била сослушана во петокот во Жупанискиот суд во Сплит. Таа била сослушана како сведок за тепачката помеѓу нејзините ќерки Северина и Маријана Поповиќ што се случи во август минатата година во нејзиниот стан, пишува „Стори.хр“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Ана пристигнала во придружба на адвокатката на Северина, Јасмина Билош, а ја избегнала средбата со медиумите. Северина не била со својата мајка, бидејќи сѐ уште е на одмор на Малдиви.

Што му рекла мајката на Северина и Маријана на судијата во едночасовното распит, сѐ уште не се знае, но се прошири веста дека во еден момент  ѝ се слошило. Но, подоцна било утврдено дека тоа не е точно, туку дека сведочењето било накратко прекинато затоа што Ана Вучковиќ побарала да се напие вода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Да потсетиме, Северина беше обвинета за закани по конфликтот со нејзината сестра Маријана. На суд прво беше сослушана Маријана Поповиќ, потоа една членка на семејството, а потоа и мајката на скараните сестри.

Северина не се појавила ниту на претходното рочиште, но имала оправдување поради здравствени причини. Таа изјавила дека мора да се оперира и ветила дека ќе ја придружува својата мајка кога таа ќе има свое сослушување. Северина не се појавила во петокот, ниту, според хрватските медиуми, го известила судот дека нема да дојде. Судот не сакал повеќе да ја чека пејачката, па во средата го закажале рочиштето на Ана Вучковиќ за во петок. Со оглед на тоа дека пејачката не можела да дојде, ја испратила својата адвокатка со својата мајка Ана.

„Таа не ја нападна својата сестра, а Милан ја малтретира со години“: Се огласи мајката на Северина

Продолжува семејната драма: Северина не се појавила на суд по конфликтот со нејзината сестра

Скандал во Хрватска: Северина е уапсена во Загреб, се степала со сестра ѝ во станот на нивната мајка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот