Соработка на Царината и Поштата за развој и дигитализација на е-трговијата

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

 Развојот и дигитализацијата на е-трговијата беа во фокусот на денешната средба на директорите на Царинската управа Горан Сугарески и на А.Д. Пошта, Јани Макрадули.

Тие разговарале за зајакнување на заедничките активности помеѓу двете институции во насока на подобрување на поштенскиот сообраќај кој има исклучително важна улога во вкупното царинско работење, од причина што покрај испраќањето на поштенски писмоносни пратки, се врши праќање и на пакети кои претставуваат царинска стока.

-Прекуграничната е-трговија целосно ја смени перцепцијата на Царината на меѓународно ниво и стана главен аспект на променливиот свет на производство, трговија и економија кој овозможува подобри економски можности и зајакната регионална соработка, соопштуваат од Царината.

Во текот на минатата година се спроведе Проект за модернизација на царинското работење во е-трговија и во поштенскиот сообраќај помеѓу Царинската управа на РСМ и Царината на Кореа.

-Од овој проект ќе произлезат повеќе бенефити за двете институции од кои најважно е поврзување на СОЦДАД на Царинската управа со ИТ системот на А.Д. Пошта, односно целосно дигитализирање на постапките, појаснуваат од Царинската управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот