Сопственик на фирма измамен за 175 илјади денари

Пари / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Дваесет и двегодишен сопственик на фирма, во полициската станица Ѓорче Петров, пријавил дека бил измамен за сума од 175 илјади денари. Според пријавеното, пред околу 2 недели, лице се претставило како вработен во друга фирма и му побарало понуда за неколку производи, а откако се договориле, тој му ја испорачал нарачката преку автопревозник од Куманово. Како што е пријавено, на вчера автопревозникот му се јавил и му кажал дека не добил пари за извршениот транспорт, по што тој ја побарал фирмата наводен побарувач и добил одговор дека тие не направиле никаква нарачка од неговата фирма, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот