Сопругот на Ники Минаж е осуден на една година домашен притвор

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сопругот на Ники Минаж, Кенет Пети, e осуден на една година домашен притвор затоа што не се пријавил кај властите како сексуален престапник откако се преселил. Имено, Кенет требало да пријави кај властите дека се преселил, со оглед на тоа што во 1995 година е осуден за обид за силување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)


Заедно со Ники се преселил во Калифорнија во 2019 година и затоа добил кауција од 54.000 евра, како и казна домашен притвор од една година. На неговото последно рочиште, обвинителите инсистираа Пети да добие затворска казна, но судијата се одлучи за полесна верзија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)


Во моментот на изрекувањето на пресудата, Ники на социјалните мрежи сподели нивната семејна фотографија како знак на поддршка за нејзиниот сопруг.

Пети и пејачката се познаваат од детството, а се забавуваат од 2018 година. По една година врска, тие се венчаа, а потоа добија син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот