Сопругата на Брус Вилис пишува книга за животот по неговата дијагноза

Ема и Брус Вилис
Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

Сопругата на американскиот актер Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, ќе објави мемоари за грижата за нејзиниот сопруг, пишува „Пипл“.

Книгата ќе ја објави издавачката куќа „Опен филд“, под раководство на Марија Шрајвер.

„Возбудена сум што ја објавувам книгата на Ема за негувањето. Таа и јас се знаеме долго време и многу сум горда на начинот на кој таа го користи својот глас за да им помогне на другите“, вели Шрајвер.

Ема и Брус Вилис
Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

Со својата нова книга, Хеминг Вилис сака да ги сподели информациите што ги научила додека се грижела за својот сопруг, како и ресурси за да им помогне на другите кои се наоѓаат во слични ситуации.

„За мене знаењето е моќ, а градењето заедница за поддршка беше од витално значење. Тоа донесе стабилност и одредена количина на контрола која беше целосно уништена кога дијагнозата за фронтотемпорална деменција првпат дојде во нашето семејство“, рече Ема.

Фото: Инстаграм/Ема Хеминг Вилис

Наменета за луѓе кои имаат блиски кои се борат со деменција, книгата ќе вклучува интервјуа, стручни совети и лични приказни од животот на Ема и Брус Вилис.

„Вистинските образовни ресурси ми овозможија да напредувам на најпозитивен можен начин за да бидам најдобрата мајка, сопруга, ќерка, пријателка и негувателка што можам да бидам. Сакам да го споделам тоа со другите кои се наоѓаат во слична ситуација“, рече таа.

Да потсетиме, во 2022 година беше објавено дека Вилис ќе се повлече од својата актерска кариера поради здравствени причини, односно дека му е дијагностицирана афазија. Една година подоцна, неговото семејство соопшти дека неговата болест напредувала и дека Вилис добил поспецифична дијагноза: фронтотемпорална деменција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот