Сончево со северен ветер, од вторник дожд

Сончево време/ Фото: Архива на Слободен печат

Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 16 степени.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а само во северните и источните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 16 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од почетокот на наредната недела облачноста ќе се зголеми и во вторник ќе има појава на врнежи дожд. Во деновите потоа ќе има слаби услови за појава на краткотраен дожд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот