Сојузниците на Десантис „бегаат“ кај Трамп

Рон ДеСантис и Доналд Трамп/ Фото EPA-EFE/DAN ANDERSON

Брајан Маст, истакнат сојузник на десничарскиот гувернер на Флорида, Рон Десантис, ја изрази својата поддршка за кандидатурата на Доналд Трамп во трката за претседател во 2024 година. Ова е последен во низата такви удари за најголемиот противкандидат на Трамп од Републиканската партија, пренесува „Гардијан“.

Веста дојде по извештаите дека тимот на Десантис извршил притисок врз американските претставници од неговата држава да не го поддржат Трамп на следните избори.

Маст за „Си-ен-ен“ изјави дека планира да го поддржи поранешниот претседател и дека ќе претседава со комитет на ветерани за поддршка на неговата кандидатура за реизбор.

Брајан Маст беше сојузник на Десантис за прашањата за животната средина и водата во Јужна Флорида. Маст е седмиот републиканец од Флорида кој реши да го напушти кормилото на Десантис и да се сврти кон Трамп.

Десантис сѐ уште не ја објавил својата претседателска кандидатура официјално, иако се очекува тоа да го стори во следниве месеци. Тој е најблискиот противкандидат на Трамп, но неговите бројки стагнираа, откако се најде на удар поради политиките за ранливи теми, како абортусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот