Софија Вергара: Еве како успева да го одржува младешкиот изглед и на 48 години

Profimedia
Profimedia

Софија Вергара која важи за една од најубавите жени во светот, честопати на социјалните мрежи споделува фотографии од 90-тите години на кои воодушевува со својот изглед, а фотографиите изгледаат како да се направени вчера.

48-годишната Вергара сè уште изгледа како во младоста, а тоа дефинитивно е поради нејзиниот животен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Холивудската актерка вели дека страда од хипотироидизам, па одржувањето на нејзиното физичко здравје е навистина голем предизвик. Кога имала 28 години, ѝ дијагностицирале рак на тироидната жлезда и на крај морале да ѝ ја отстранат, поради што актерката страда од хипотироидизам, односно не прима доволно тироиден хормон во крвта.

Некои од вообичаените симтоми на хипотироидизам се зголемување на телесната тежина, сува кожа, проблеми со метаболизмот, чувствителност на студ и постојан замор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Ѕвездата вели дека мора да вложува дополнителни напори да изгледа најдобро што може, не само поради нејзината професија, туку и поради нејзината болест.

Иако отворено признава дека мрази вежбање и одење во теретана, Вергара вели дека сепак наоѓа мотивација за тренинг. Актерката има два лични тренери Гунар Питерсон и Џенифер Јејтс, кои ѝ помагаат да остане мотивирана, фокусирана и страствена за тренинзите. Софија вели дека вежба со години, некогаш и по пет пати неделно.

Instagram
Instagram

Вергара се храни здраво, но за викенд обично се опушта и не внимава на исхраната.  Не претпочита тешки оброци или алкохол навечер. Софија вели дека обожава зеленчук, риба и медитеранска храна.

Нејзиниот тренер Питерсен вели дека клучот на нејзината фигура е во балансираната исхрана. На своите клиенти, секогаш им препорачува да избегнуваат конзумирање на алкохол и шеќер доцна навечер, како и внесување на јаглехидрати во другиот дел од денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот