Со закон ќе се забранат хемикалии во играчките?

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

По усвојувањето на Правилникот кој дозволува на пазарот да се продаваат само безбедни производи и воведувањето на еден вид дигитален пасош на овие производи кој поблиску му објаснува на купувачот за каков артикал станува збор, Европската комисија неодамна предложи постепено отстранување на хемикалиите од играчките кои може да предизвикаат хормонско нарушување.

Ако ова стане закон, што е едно од барањата, тоа ќе биде прв пат досега – во светот – дури и познати хемикалии за кои постои сомневање дека се штетни да бидат забранети од цела група производи, пишува Политика.рс.

„Изложеноста на овие хемикалии, познати и како ендокрини пореметувачи, е поврзана со сериозни здравствени проблеми, како што се неплодност, ран пубертет или дебелината. Во мај беше извршено тестирање кое покажа дека 11 од 20 тестирани играчки кои никнуваат испуштаат хемикалии за кои е докажано или сомнително дека се супстанци кои го нарушуваат хормонот“, се вели во соопштението на европската организација за потрошувачи БЕУЦ.

Овој предлог е дел од реформата на законодавството на ЕУ за безбедност на играчките. Постоечката директива веќе забранува хемикалии кои можат да предизвикаат рак, да ја оштетат ДНК или да му наштетат на репродуктивното здравје. Сепак, хемикалиите кои го нарушуваат хормонот досега успеаја да избегнат какви било забрани. Моник Гојан, генерален директор на БЕУЦ, изјави дека предлогот за забрана на овие хемикалии во производството на играчки е пресвртница во заштитата на здравјето на децата.

– Потрошувачите постојано се изложени на хемикалии кои негативно влијаат на хормоните, а една неодамнешна студија во Данска покажа дека дури и детските играчки кои никнуваат заби ги содржат овие штетни материи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот