Со провокативните изданија го освоија светот: Што прават денес девојките од руската музичка сензација ТАТУ?

Се сеќавате ли на музичката сензација ТАТУ? Нивните хитови беа присутни и на радијата и на телевизиите во Македонија, а нивните спотови се „вртеа“ многу често на светски познатите телевизиски музички платформи, како МТV, VHI, VIVA…

Поминаа 20 години откако двете Русинки ја „здрмаа“ светската сцена со своите настапи и спотот за кој и денес се зборува.

Но каде се тие денес? Каде се Русинките кои беа меѓу првите поп-сензации кои негуваа страсни бакнежи во своите спотови, облечени во училишни униформи, миленички и на машката, и на женската публика. Кога Лена Катина и Јулија Волкова во 1999 година основаа бенд, веројатно не претпоставуваа дека целиот свет ќе зборува за нив и за нивната група „t.A.T.u.“. Руската група која после спотот „All The Things She Said“, во кој Лена и Јулија се бакнуваат на дождот стана светска атракција, а после тоа објавија уште неколку песни и полека се повлекоа. Дали сè уште се во музичките води? Според она што можевме да го забележиме, тие се прилично активни на социјалните мрежи. Но… Имавме потешкотии да ги препознаеме, бидејќи Јулија дефинитивно ги следи трендовите, па направила бројни „пластични“ зафати за разубавување.

Денес Лена има 35, а Јулија 34 години и активни се на социјалните мрежи. Она што не може да не се забележи е дека Јулија е вљубеничка во естетската хирургија, бидејќи изгледа прилично различно.

Јулија Волкова / Фото: Инстаграм

Јулија веќе не се занимава со пеење, а пред неколку години ја извести јавноста дека го победила ракот на штитната ѕвезда поради што имала проблеми со гласните жици. Денес е мајка на синот Самир и ќерката Викторија.

Лена Катина / Фото: Инстаграм

Лена по распаѓањето на групата се вратила на студиите по психологија и исто така е во среќен брак во кој го има синот Александар.

Лена и Јулија пред 20тина години / Фото: Инстаграм

На некој начин тие ги потврдија гласините кои кружеа од самиот почеток на нивната слава – дека нивната сексуална ориентација била фиктивна за да го свртат вниманието кон нив,  иако тоа можеби биле и минливи чувства.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот