Со помош на вештачка интелигенција, наскоро ќе излезе последната песна на „Битлси“

„Битлси“ / Фото: The Hollywood Archive / Avalon / Profimedia

Еден од основачите на музичката група „Битлси“, Пол Макартни изјави дека се послужил со вештачка интелигенција за да ја „создаде“ последната песна на легендарната четворка – Макартни, Џон Ленон, Џорџ Харисон и Ринго Стар, пишува „Би-би-си“.

За време на гостувањето во емисијата „Today“, Макартни објасни дека технологијата била искористена за да се „извлече“ гласот на Џон Ленон од едно старо демо, со цел да се заврши песната.

„Само што ја завршивме и песната ќе биде објавена оваа година“, рече Макартни, кој не ја именуваше песната, но најверојатно станува збор за композицијата на Ленон од 1978 година – „Now And Then“.


Оваа песна веќе беше сметана за можна „песна за повторно обединување“ за „Битлси“ во 1995 година, додека тие го составуваа нивниот компилациски албум „Antohology 1“.

Макартни го добил демото една година претходно, од вдовицата на Ленон – Јоко Оно. Тоа била една од неколкуте песни на касета означена со „За Пол“, што Ленон ги направил непосредно пред неговата смрт во 1980 година.

Во изминатите години, Макартни постојано зборуваше за неговата голема желба да ја заврши оваа песна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот