Со овие домашни лекови ќе го ублажите чешањето и отокот од убод од комарци

Фото: Pexels

Комарците кои доаѓаат со топлото време предизвикуваат многу проблеми, а каснувањата непријатност и чешање.

Неколку домашни лекови може да ви помогнат да ги ублажите симптомите предизвикани од каснување од комарец.

Каснување од комарец – оток

Каснувањето од комарец е дефинитивно една од најнепријатните појави во летните месеци. Често не е во прашање само еден убод, туку неколку на различни места на телото. Многу луѓе не знаат дека само женка комарец може да убоди, а отокот се појавува кога комарецот ја испушта течноста под површината на  кожата на човекот.

Ако се прашувате зошто ве чеша каснувањето од комарец, објаснувањето е, всушност, многу едноставно. Течноста на комарецот содржи одредени протеини кои за нашиот имунолошки систем се целосно туѓи материи, па затоа реагира во форма на одбрана на организмот од штетните последици. Затоа, доаѓа и до настанување на оток на местото на убодот кој предизвикува чешање, а ова е најдобриот начин со кој телото може да се одбрани од комарците.

Каснувањето од комарец од тигрeст комарец најчесто резултира со многу поголеми отоци од убодот од обичен комарец, но тие главно поминуваат по неколку дена. Со други зборови, кога станува збор за каснување од комарец, алергијата е нормална појава кај повеќето луѓе.

Меѓутоа, кај некои реакцијата е посилна па се појавува оток, додека кај некои е речиси невидлив.

Како да се третира убодот од комарец?

Покрај разните креми и спрејови против комарци, многу експерти препорачуваат природни лекови за каснување од комарци како лимон, мед, лук, вода и многу други природни третмани.

Сода-бикарбона

Она што веќе сигурно го знаете е дека сода-бикарбона има навистина широка примена, па затоа е вклучена во најдобрите домашни лекови за каснување од комарци.

Едноставно додадете лажица сода-бикарбона во мал сад, а потоа постепено додавајте вода додека не добиете цврста смеса. Нанесете на каснатата област, оставете да делува неколку минути, па исплакнете со топла вода.

Оцет

Оцетот ќе делува на каснувањето од комарец за да го намали отокот и чешањето. Потопете памук во оцет и потоа ставете го на каснатата регија. Ватата можете да ја залепите и со фластер, па да ја оставите да делува околу 10 минути.

Оцетот можете да го помешате и со пченкарно брашно за да добиете цврста смеса која можете да ја нанесете на местото убодот од комарец, а по 10-тина минути да исплакнете со топла вода.

Вода

Ако барате едноставен начин за ублажување на убодот од комарец, водата е идеалното решение. Водата може веднаш да ги ублажи чешањето и непријатноста. Прилагодете ја температурата на водата според себе, но внимавајте да не е премногу жешка. Едноставно натопете чиста крпа во вода, а потоа ставете ја на убодот од комарец.

Во претходната вода можете да додадете и оцет, а дефинитивно обичната вода заменете ја со солена ако сте во близина на море.

Исто така, ако при рака имате чај од невен, задолжително нанесете го на убодот од комарец. Ги ублажува непријатноста и чешањето од каснување од комарец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот