Со кого сѐ се дружеше сопругата на канадскиот премиер пред да ѝ биде дијагностициран коронавирусот

Фото: EPA-EFE/VALERIE BLUM

Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, Софи Грегори Трудо откри дека е заразена со коронавирусот непосредно откако зборуваше на масовно посетен настан во Лондон. Таа тогаш се поздравила и фотографирала со бројни познати личности, вклучувајќи ги го и глумецот Идрис Елба и шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон.

Софи првите симптоми ги имала во Канада неколку дена откако во Велика Британија присуствуваше на настанот „We day“ на познатиот лондонски стадион Вембли.

Тоа беше масовно посетен настан за поддршка на младите. Во публиката имало околу 18.000 луѓе, а Софи по своето излагање имала близок контакт со другите говорници, меѓу кои има и познати спортисти, глумци и јавни личности.

Некои од говорниците беа глумецот Идрис Елба, готвачот Џејми Оливер, возачот во Формула 1 Луис Хамилтон, манекенката Адвоа Абоах и ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ Гвендолин Кристи.

Многу политичари ширум светот изминатите денови пријавија дека се заразени со коронавирусот или се наоѓаат во самоизолација откако оствариле контакт со други заразени. Меѓу нив е и австралискиот министер за внатрешни работи Питер датон и заменичката на британскиот министер за здравство Надин Дорис. Во Иран многу официјални лица починаа од оваа болест.

Според последните информации, сопругот на Софи, премиерот на Канада Џастин Трудо е здрав и нема никакви симптоми, но и тој ќе биде во изолација во следните две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот