Со голф „летал“ над 100 километри на час повеќе од дозволеното

полициска контрола радар фото миа

Санкциониран возач кој денеска со „фолксваген голф“ возел 146 км на час на регионалниот пат Куманово – Скопје, на место каде е дозволено 50 км на час, информираат од МВР.

„Денеска, околу 10.15 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково. Имено, во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на МВР било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час“, соопштуваат од полицијата.

Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот