Со дрон од Иран погоден танкер во Индиски Океан

Танкерот „Хем Плуто“ пловел од Саудиска Арабија кон Израел

Беспилотно летално лансирано од Иран вчера погодило хемиски танкер во водите на Индиски Океан.

Пентагон објави дека танкерот „Хем Плуто“, кој е во сопственост на јапонска компанија и пловел под либериско знаме, бил погоден вчера во 10 часот според локално време кога бил 370 километри од брегот на Индија. Бродот пловел од Саудиска Арабија кон Индија. Експлозијата предизвикала пожар, кој брзо бил изгаснат. Никој не е повреден, но предизвикана е штета.

Техеран не го коментира тврдењето на Пентагон дека дронот бил лансиран од Иран, но офицер од Револуционарната гарда предупредил дека „ќе бидат затворени бродските линии ако САД и нивните сојзници продолжат со злосторствата во Газа“.

Во изминатите неколку дена имаше низа напади со дронови и ракети лансирани од проиранските бунтовници во Јемен врз трговски бродови во Црвено Море, дури и врз воени бродови на западните земји.
Централната команда на САД објави дека јеменските хути во саботата истрелале два балистички проектили врз вообичаените трговски линии во јужниот дел на Црвено Море, но не биле погодени бродови. Нафтен танкер синоќа бил нападнат од дрон, при што немало голема штета, а уште едно беспилотно летало за малку промашило друг танкер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот