Со Декан-Бугарин, до датум за преговори со ЕУ

epa08043149 Bulgaria's President Rumen Radev arrives at the NATO Summit in London, Britain, 04 December 2019. NATO countries' heads of states and governments gather in London for a two-day meeting. EPA-EFE/NEIL HALL

Ако еден Декан и неколку „високо“ позиционирани Бугари во државните институции биле болката на македонските Бугари, тогаш лесно ќе го решиме спорот со Бугарија и Македонија ќе може да си го добие својот датум за преговори со ЕУ.

Имено, ова беше суштината на барањата на бугарските здруженија од Македонија на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев пред некој ден.

Па веројатно има некои такви кои можат да бидат примени во МВР, а да се чуствуваат за Бугари.

Во АРМ исто така. Не мора да биде Генерал, ама еден Сержант или Лајтенант ако треба и ќе произведеме, заради националната кауза.

Се разбира, не е дека ова нема свои мани кои можат да се појават во текот на пристапниот процес, како што се барањата за повисока позиција на тие Бугари во македонската администрација. Едноставно такво им е историското наследство, да „администрираат“ во, или со Македонија. Потоа може да следи барање за рамноправна употреба на бугарскиот јазик во држаната и општествена сфера, и т.н.

Но сето тоа не е нешто што Македонија не го поминала досега со останатите етнички заедници, особено со Албанците, за да дојде до синтагмата „Едно општество за сите“ кај социјалдемократите, или „Македонија за сите луѓе“, кај ВМРО-ДПМНЕ.

Да кажеа порано бугарските власти што им лежело на душата, можеби досега ќе се договоревме како да ги надминеме разликите со нив, а не да го тупиме за историјата цело време.

Ете да се изјаснеше Данела порано за Бугарка, можеби ќе ја назначевме за градоначалник на Скопје. Ако требаше, ќе го жртвувавме Скопје – за европска Македонија.

Шегата нстрана. Изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев и на поранешниот премиер Бојко Борисов дека отсега натаму нема дијалог со македонската страна, ако Бугарите во Македонија не станат составен дел од Уставот, можат да се коментураат од два аспекта.

Посодржајна е изјавата на претседателот Радев, кој се закани со ново, поинакво вето за почнување преговори на земјава со ЕУ. Тоа според Радев нема да се однесува веќе на историските прашања туку на сегашноста и тоа од аспект на почитување на европските демократски принципи на признавање на правата на македонските Бугари како уставна категорија граѓани, а не како второкласни анонимуси во државата Северна Македонија.

Радев на овој потег се одлучи откако сите во Бугарија сфатија дека ја изгубија битката со Македонската дипломатија на меѓународна сцена.

Аргументот на Радев за тоа е дека на европските партнери тешко им биле сфатливи историските прашања, а оти дискриминациијата била тема која им била поразбирлива.

Потпретседателката Илијана Јотова, пак, потенцира дека Договорот за добрососедство не е добар документ и дека вистинскиот проблем за решавање со Скопје не се историските теми, туку „прашањето за правата на македонските Бугари“.

Нашата земја изгуби многу време потпирајќи се само на историски факти кои се далечни и неразбирливи за европските партнери.

Тоа би требало да значи дека отсега бугарските власти, ако ним може да им се верува, нема да се натегаат за потеклото на македонскиот јазик и историја, туку ќе се борат за правата на оние кои тие ги сметаат за Бугари, односно за оние кои самите себеси се нарекуваат македонски Бугари.

Ваквото свртување на бугарскста политика кон сегашната реалност е секако чин кој вреди да се разгледа од македонска страна, зашто секако е помало зло од она доскорешното ништење на македонскиот нацонален идентитет.

Во секој случај македонскта држава нема што многу да изгуби. Дури може да се каже и ќе добие. Прво ќе покаже дека споделува европски вредности и демократски капацитет да признае граѓански права и на други етнички заедници кои живеат во неа, меѓу кои и Хрватите или и Бугарите, зошто да не.

Уште поважно, со чинот на признавањето на Бугарите како малцинство во уставот, се докажува посебноста на македонскиот народ, јазик и култура, нешто што досега беше камен на сопнување во процесот на пристапување кон ЕУ.

Во суштина ова барање не е ново од бугарска страна, само што сега ќе треба дипломатски да се издвои од национално-историскиот комплекс.

Македонскиот одговор на ова прашање уште при првото споменување од страна на Радев беше ДА, но само откако тој ќе го тргне ветото и Македонија ќе ги почне преговорите за членство со ЕУ.

Веројатно деталите за тоа што прво треба да следи, како и за гаранциите од обете страни допрва ќе треба да се утврдуваат.

Прашање е дали бугарските власти, кои и да се, ќе опстојат на ваквата позиција, затоа што не еднаш се пишманиле откако ќе сфатат дека не им одговара договореното, како што тоа беше со „Договорот за добрососедство“ од 2017.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот