Со часови нема струја, често прекинува – што се случува со електричната мрежа во Македонија

Струја штекер / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Чести прекини на електричната енергија стануват секојдневие во нашата држава.Само денеска може да се видат остри рекции и по социјалните мрежи на граѓани на кои постојано им снемуваше струја во скопската населба Кисела Вода, струја немало во катлановско Блаце од 10 часот утрови, жителите од селото Ѓавото кај Богданци немале струја ни ноќеска.

На страницата на Електродистрибуција се наведени планираните прекини, но таму ги нема ниту Кисела Вода, ниту Ѓавото, а ни Блаце.

– Во Ѓавото снема струја вчера, немаше цела ноќ, утрово дојде кусо време, и сега пак дојде во 16 часот. Се надевам дека нема пак да исклучат. Јас сум повозрасна и не можам да се греам на дрва. Кај нас често снемува струја. Кога ќе се јавиме велат дека прават што можат. Очигледно, тука никој не инвестира, само се крпи. Руралните места се заборавени – протестно вели жителка од селото Ѓавото, која се обрати во „Слободен печат“.

Од ЕВН за „Слободен пачат“ велат дека викендов поради силниот ветер дефекти имаше на повеќе локации кои беа зафатени од лошите временски услови.

-Во однос на прекините во Кисела Вода: денес екипите на Електродистрибуција работеа на реконструкција на дистрибутивната мрежа. Зафатот е завршен пред 1 час. Корисниците веќе имаат стабилно снабдување со електрична енергија. Катлановско Блаце е исто така пуштено под напон пред околу еден час. Во гевгелиско Ѓавато немаше електрична енергија поради испад на извод. Дефектот се санира а поради ветерот повторно настана. Корисниците сега имаат снабдување со електична енергија, а екипите на Електродистрибуција веднаш ќе излегуваат на терен доколку се појави нов дефект – велат од ЕВН.

Она што може да се заблежи е дека листата за најавени прекини на електрична енергија поради реконструкција на мрежата секојдневно станува се поголема. На пример, денеска има најави за прекини во 12 населени места, и тие прекини би требале да бидат завршени, затоа што сите се планирани најдоцна до 15 часот.

Според наши неофицијални сознанија има повеќе причини затоа зошто во Македонија во последно време често снемува струја. Едната е што за време на ковидот имаше застој во реконструкциите, втората е растот на трошоците во време на инфалција и скапа електрична енергија и трето, што важи за Скопје е инвазија на нови градби кои додека се приклучуват на електричната мрежа создаваат прекини, а можна е и преоптовареност на мрежата и покрај сите пресметки и дозволи за приклучок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот