Словенија се отвара за туризам на 15. мај

epa00161758 Undated recent picture of Piran at the Slovenian coast. EPA/STR

И покрај некои најави во Словенија се уште не се отворени помалите хотели и туристички објекти, но според последните информации тоа може да се случи до крајот на неделата, односно на 15 мај. Прво би се отвориле малите хотели, со капацитет до 30 гости.

Пиран, Словенија / Фото:  EPA-EFE/FILIP SINGER

Дополнително, се уште, се прават планови кога и на кој начин да бидат отворени авто-камповите. Потребата да се донесе оваа одлука се зголеми откако изминатиот викенд голем број Словенци со приколки дојдоа околу крајбрежните градови.

Туризмот во Словенија е една од најпогодените гранки поради пандемијата на коронавирусот, па Владата ги повика граѓаните ова лето, одморите да ги поминат во земјата.

Невработеноста во Словенија пораснала за речиси 14 проценти за еден месец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот