Словачки производител ќе гради фабрика за батерии во Србија, во неа ќе инвестира и Рио Тинто

Литиум батерии EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Словачкиот производител на батерии Ино Бат објави дека потпишал меморандум за разбирање со Владата на Србија за изградба на фабрика за батерии за електрични возила со вкупен капацитет од 32 гигавати, објави словачката агенција ТАСР, повикувајќи се на Ројтерс.

Еден од инвеститорите во Ино Бат е рударската групација Рио Тинто, според Ројтерс.

„Со нашата инвестиција во Ино Бат, се надеваме дека ќе придонесеме за одредено количество батерии да се произведуваат во Србија“, рече Марни Финлејсон, директор на секторот за производство на материјали за батерии во Рио Тинто.

Фабриката, како што се наведува, треба да биде отворена во 2025 година со почетен капацитет од четири гигавати. Владата на Србија го одобри обезбеденото финансирање до 419 милиони евра, вклучувајќи грантови и даночни кредити, за поддршка на проектот, објави ИноБат.

Иако договорот се уште не е конечен, извор запознаен со работата изјави дека е блиску до реализација. Ино Бат веќе најави дека сака да изгради една фабрика во Западна и една во Источна Европа. Минатиот месец словачката компанија потпиша и меморандум за разбирање со шпанската влада за изградба на фабрика за батерии за електрични автомобили во шпанскиот град Ваљадолид, пренесува Бизлајф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот