Следната недела ќе се одржат првите сослушувања за импичмент на Бајден

Џо Бајден / Фото EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Републиканските членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ги најавија за идната недела првите сослушувања за ипмпичмент на претседателот Џо Бајден, а поврзано со бизнис активности на неговото семејство.

Се очекува сослушувањата кои ќе започнат на 28 септември да бидат посветени на „уставни законски прашања“ поврзани со тврдењата за вклученост на Бајден во странскиот бизнис на неговиот син Хантер Бајден.

За ова синоќа соопшти претставникот на комитетот за надзор во Претставничкиот дом кој ќе претседателствува со сослушувањата. Комитетот планира да ги разгледа личните и деловните финансиски и банкарски документи на синот на Бајден.

Усилбите на републиканските конгресмени во врска со ова Белата куќа ги нарече „екстремна политика од најлош вид“.

Минатата недела специјалниот обвинител Дејвид Вајс поднесе тужба против Хантер Бајден. Обвинтелниот акт е од три точки а се однесува на незаконско поседување на огнострелно оружје.

Ова е прв пат во историјата на САД да се поведе кривична постапка против деца на актуелен шеф на држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот