Фото: Принтскрин/Инстаграм

Славната пејачка јавно му се заблагодари на Маск: Пред него загубив многу пари

Не требаше да помине долго време за работите на Твитер, откако го купи Илон Маск, да започнат да се менуваат. Во согласност со својата филозофија за слободата на говорот, Маск им го врати правото за објавување на некои корисници на кои тоа право им беше одземено, а една од нив е и раперката Азалиа Бенкс.

По тој повод таа јавно му се заблагодари на Маск…

„Морам да му се заблагодарам на Илон што го купи Твитер, се вратив…“.

Таа напомена и дека поради тоа што не била присутна на Твитер, изгубила многу пари бидејќи немала пристап до одреден дел на фанови и важниот маркетинг канал. Коосновачот на Твитер, Џек Дорси, со кој беше во конфликт, го нарече расист и го обвини дека го загрозил нејзиниот статус на уметник.

Бенкс на Твитер претходно објавуваше како @azealiabanks, а на Инстаграм сега објави дека направила нов профил @azealiashere.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEA QUEEN ??‍♀️ (@azealiabanks)


И додека едни слават, други, како актерката Џамела Џамил, го напуштаат Твитер од страв дека ќе стане целосно дерегулиран и дека на него ќе преовладуваат разни облици на говор на омраза и насилништво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот