Славчо Попоски прогнозира: Во очекување на првиот снег на планините

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

– Продорот на многу постуден воздух од север, кој ќе се судри со значително потоплата воздушна маса, во следните неколку денови ќе услови големо невреме во целиот регион. Постои опасност од невреме што може да предизвика штети во сите земји од регионот. Затоа препорачуваме голема внимателност – вели метеопрогнозерот Попоски и додава дека можни се и локални поплави.

– В недела се очекува и првиот снег на највисоките планински места на Балканот. Од утре и во Македонија следува позначително заладување на времето и пад на температурите, некаде и за повеќе од 10 степени. Во текот на следната седмица, пак, се очекува и првиот снег за оваа сезона на највисоките планински врвови во Македонија – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот