Скопјанка со здравствени проблеми уапсена за лажна дојава за бомби во училишта

Дојава за бомба во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ / Фото: Слободен печат - Методиј Здравев

Полицијата денеска ја привела А.К.(55) од Скопје, осомничена дека на 11.01.2023 од мобилен телефон се јавила во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.

Во соопштението од МВР се нагласува дека приведената жена е „лице со здравствени проблеми“, што е полициски еуфемизам за нарушено ментално здравје.

– Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена, соопштија од МВР.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот