Скопјани добиваат нов спортско-адреналински парк лоциран покрај кејот на Вардар во Карпош

Спортско адреналинкси парк во Скопје/ Фото: Фејсбук

Скопјани и скопјанки добиваат уште едно место за спорт и рекреација, отворен е новиот спортско-адреналински парк лоциран покрај кејот на Вардар во Карпош, објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсбук профил.

-Новиот адреналински дел, а особено спортско-качувачката карпа очекувам да биде атракција не само за скопјани, туку и содржински да ја збогати туристичката понуда на градот. Паркот изобилува со голем број содржини и игралишта за фудбал и одбојка на песок, детско игралиште, скејт парк, сквер, ново зеленило, а поставено е и ЛЕД осветлување, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот