Скопјанец однесен во станица, се однесувал агресивно кон полицаец

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во населба Аеродром вчера е приведен скопјанец кој се однесувал агресивно кон полициски службеници, информира МВР.

-На 27.10.2020 во 17.10 часот на подрачје на Аеродром бил лишен од слобода Д.К.(39) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник- велат од МВР.

Против него МВР вели дека ќе следи соодветен поднесок.

Видео на денот