Скопјанец прободен со нож кај „Порта Македонија“, го ранил негов познаник

Фото: Илустрација

Вчера попладне се случил инцидент кај „Порта Македонија“ во центарот на Скопје, во кој бил прободен со нож 45-годишен жител на градот, соопшти полицијата.

„На 11.05.2022 во 15.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај порта „Македонија” бил нарушен јавниот ред и мир. Во врска со пријавата, од Комплексот клиники „Мајка Тереза” било пријавено дека кај нив со повреда од остар предмет бил донесен С.К.(45) од Скопје. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека повредата со остар предмет му ја нанел негов познаник С.„Н”, по вербална расправија“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот