Скандал во Италија: Фудбалер на Џенова учествувал во групно силување-

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Италијанецот Маноло Портановa од редовите на Џенова е осуден на шест години затворска казна поради учество во групно силување, објавија италијанските медиуми.

Портанова е обвинет дека силувал 21-годишна девојка на забава во Сиена. Делото го извршил во мај минатата година заедно со неговиот роднина Алесио Лангела, но и со уште двајца негови пријатели, Алесандро Капиело и неименуван 17-годишник.

Од обвинетите Портанова и Лангела побарале забрзано судење и денеска тие биле осудени на шест години затвор. Освен затворската казна имаат обврска да исплатат 120.000 евра како компезација на жртвата и нејзиното семејство.

Треба да се знае дека во забрзано судење обвинетиот го прескокнува судското рочиште со цел да добие намалување на казната и да го скрати судењето, меѓутоа не значи и признавање на вината.

Портанова категорично тврди дека е невин и ќе поднесе жалба на одлуката. Капиело се појави пред судот затоа што тој не побара забрзано судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот