Скандал во француската католичка црква: За 70 години, 216 илјади деца жртви на педофилија

Католичка црква/ Фото EPA-EFE/Julien de Rosa

Истрагата за сексуална злоупотреба во француската католичка црква откри дека околу 216 илјади деца биле жртви на злоупотреба од страна на свештенството од 1950 година, изјави во вторникот Жан-Марк Сове, шеф на комисијата (ЦИАСЕ) што го состави извештајот, пренесува Франс 24.

– Ова е минимална проценка, врз основа на пописот и испитувањето на архивите (црквата, правдата, судската полиција и печатот) и врз основа на сведочењата добиени од ова тело, изјави Сове.

Ова е бројка што треба да се спореди со општа популација од вкупно 115 000 свештеници во текот на овој 70-годишен период.

Скандалот во Франција е најновиот што ја погоди Римокатоличката црква, која во последните 20 години беше потресена од скандали за сексуална злоупотреба низ целиот свет, a честопати беа вклучени и деца.

ЦИАСЕ било формирано во 2018

Комисијата била формирана од католичките бискупи во Франција на крајот на 2018-та година за да ги расветли злоупотребите и да ја врати довербата на јавноста. Оваа комисија работела независно од Црквата.

„Тоа ќе биде експлозија, уверува за француските медиуми , член на Циасе, под услов да остане анонимен. „Ќе има ефект на бомба”, додава Оливие Савињак, од колективот Парлер и Ревивре. „Тој ќе биде директен”, уверува социологот Филип Портиер, друг член на Комисијата.

Сове на јавната, онлајн презентација на извештајот рече дека проблемот се уште постои. Тој додаде дека Црквата до 2000 година покажувала целосна рамнодушност кон жртвите.

Во повеќето случаи, фактите сега се пропишани, извршителите се мртви, правејќи го прибегнувањето кон правдата невозможно. Канонските постапки (законот на црквата), кога се иницирани, се многу долги и не многу транспарентни.

– Чекам да се соочиме со овој товар, колку и да е темно, за да потоа ги преземеме потребните мерки, потврдува Вероник Маргрон, претседателка на Кореф. Епископијата рече дека нема да има репарации, туку систем на финансиски „придонеси”, платени на жртвите од 2022 година, што не предизвика едногласност меѓу жртвите.

Првите одговори се очекуваат во ноември. Извештајот ќе биде разгледан и во Рим, каде што прашањето го покренаа папата Франциск и некои француски бискупи кои го посетија Ватикан во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот