Скандал во Франција: Легендарен ракометен голман уапсен поради педофилија

Фото: Screenshot/YouTube

Поранешниот голман на ракометната француска репрезентација и актуелен прв човек на француската лига, Бруно Мартини заврши зад решетки по акцијата поради педофилија која траеше две години.

Легендата на францускиот ракомет бил приведен поради искористување малолетници и снимање детска порнорграфија, објавија француските медиуми.

Мартини од 2021 година ја извршува функцијата претседател на здружението на прволигаши во Франција. Мартини пред истражителите призна дека контактирал 13-годишно момче и барал експлицитни фотографии од него, откако тој веќе му испраќал свои. Исто така му предложил на момчето да испрати такси да го донесе во неговиот дом, но тоа одбило.

Во понеделникот полициските сили го уапсиле, а по два дена бил пуштен на слобода, меѓутоа наскоро ќе заврши на суд и му се заканува затворска казна од пет години.

За Франција Мартини бранеше од 1990 до 2007 година и одигра 202 натпревари. Во клупската кариера беше дел од Кил, Нимс, ПСЖ, Монпелје…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот