Скандал ја тресе Шпанија, Пике и Рубиалес го договориле Суперкупот!

фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике се договорил со претседателот на шпанската фудбалска асоцијација, Луис Рубиалес, да го однесе Суперкупот на оваа земја во Саудиска Арабија, објави „Ел Конфиденсиал“ со сите транскрипти од разговорот.

Таму, во јануари 2020 година се одигра првиот шпански Суперкуп, а пред почетокот Рубиалес изјави дека компанијата на Пике „Космос“ помагала како посредник во преговорите, наводно бесплатно.

Но, се покажа дека „Села“, саудиска државна компанија, на шпанскиот фудбалски сојуз му гарантирала исплата од 40.000.000 милиони евра за секоја од шесте години играње на Суперкупот во Саудиска Арабија Арабија. Компанијата „Космос“ добивала по четири милиони евра за секоја година, значи вкупно 24.000.000 евра за шест години.

– Види Руби (Луис Рубиалес), нема проблем доколку се во прашање парите. Реал ќе дојде за осум милиони евра. Ќе се плати по осум милиони евра за Реал и Барселона, по 2 и по 1 милион за останатите два тима и така се 19 милиони. Ќе ви останат шест милиони за Федерацијата. Да притиснеме за Саудиска Арабија за дополнителни 1-2 милиони евра – вели Пике во еден од разговорите со Рубиалес.

На 15 декември 2019 година, Рубиалес му честиташе на Пике за склучениот договор, што може да се слушне на аудио снимките. Шпанскиот Суперкуп за првпат се одигра во Ријад во 2020 година.

Пике очигледно сака да се занимава со други работи надвор од теренот, па влезе во тенискиот бизнис, каде направи реформи во Дејвис купот. Покрај тоа, тој е активен и политички, каде што со години жестоко се залага за одвојување на неговата родна Каталонија од државата Шпанија. Во склоп на тоа тој често упатуваше обвинувања кон Фудбалската федерација на Шпанија и државата, па оваа соработка со нејзиниот претседател е уште поизненадувачка. Очигледно, ова не важи за приватни финансиски работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот