Сити во „пол-позиција“ доколку Меси ја напушти Барса!? (ФОТО)

twitter.com/LioMessiStuff

Според „ЕСПН“ „граѓаните“ го следат конфликтот на „Камп Ноу“ и моментно се први во ред да го ангажираат аргентинскиот фудбалски ас.

Челниците на Манчестер сити со голем интерес го следат конфликтот помеѓу напаѓачот на Барселона, Лионел Меси и првите луѓе на клубот од „Камп Ноу“.

„Граѓаните“ веруваат дека баш тие се први во ред да го ангажираат аргентинскиот ас, доколку најдобриот фудбалер на светот одлучи да го напушти каталонскиот состав, пренесува „ЕСПН“.

Ова не е ништо ново, бидејќи и во минатото Меси се поврзуваше со трансфер во редовите на Манчестер сити.

Аргентинецот има договор со Барса кој истекува на 30 јуни 2021 година, но во истиот има и клаузула, според која играчот има можност уште наредното лето да биде слободен агент.

Манчестер сити е фаворит во борбата за Меси, бидејќи Аргентинецот ги одржува добрите односи со спортскиот директор на англиската екипа Чики Бегиристајн, директорот Феран Сориано и тренерот Пеп Гвардиола (сите тројца играа, или соработуваа во Барселона).

Според британските медиуми, во овој момент на Меси да му понуди годишна плата од 50 милиони фунти.

Конфликтот меѓу Меси и раководството на Барселона започна после зборовите на спортскиот директор на Каталонците одвои неколку неколку фудбалери поради смената на претходниот тренер Ернесто Валверде.

Пред играчите се обрати незадоволниот Меси кој под итно побарал разговор со претседателот на клубот, Бертомеу.

Претходно и Абидал беше на разговор со првиот човек на Каталонците. Состанокот траеше два часа, а новинарите велат дека Французинот „преживеал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот