„Сите жени гласно против насилството“: Сања Лукаревска испрати порака од осмомартовскиот марш на СДСМ

Фото: Сања Лукаревска / Фејсбук

„Осми март е историски ден за сите жени. Токму во Прилеп, од градот-херој, сакам да ги поздравам и да им се поклонам на сите храбри девојчиња, девојки, жени кои се гласни против насилството. Оние кои не знаат каков од низ пеколот е тоа, нека замолчат“ – ова го порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Сања Лукаревска, од денешниот осмомартовскиот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ.

-Оние кои навистина сочувствуваат, нека застанат спроти насилникот. Храбри девојчиња, девојки, жени – ја имате мојата поддршка, ја имате мојата прегратка. Ниту стравот, ниту молкот не се опција. Не е опција ниту зборувањето напразно – рече Лукаревска.

Таа додава дека борбата за права на жените е борба за правата на сите.

-115 години од првиот женски марш во Њујорк, поттикнат од потребата на жената да биде еднакво вреднувана и почитувана се 115 години непрекинати промени. Имаме право на глас и сè повеќе нè има – благодарение и на незапирливиот порив на жената за сочувување на сопственото достоинство. Жената во исто време е и нежна и силна. Нежна, не слаба. Силна, не агресивна. На овој свет, нашиот свет, во кој се во „мртва трка“ страшните и лажните вести, навистина на сите ни е потребна искрена прегратка, прегратка на еднаквост и правичност – рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот