Сите 10 екипи остануваат во Формула 1 до 2025 година

фото: твитер

Сите 10 екипи во Формула 1 го потпишаа Договорот за согласност, пренесува прес-службата на тркачката серија. Така, сите кои учествуваат во „Кралските трки” сега се обврзаа да продолжат да се натпреваруваат до 2025 година.

Ферари, Вилијамс и Мекларен беа првите што го објавија потпишувањето на договорот, а денеска се решија формалностите со останатите седум екипи во Ф1.

Оваа година е без преседан за светот и ние сме горди што Формула 1 се собра во последните неколку месеци да се врати на трките на безбеден начин.

Ние порано во годината рековме дека поради флуидната природа на пандемијата, на договорот „Конкорд“ ќе му треба дополнително време за да се постигне договор и задоволни сме што постигнавме договор до август со сите десет екипи за долгорочни планови во нашиот спорт.

Сите навивачи сакаат да гледаат понеизвесни трки, возбудувањата на секоја кривина и сите ќе имаат шанси да се искачат на подиумот. Новиот договор е во согласност со правилата за 2022 година – вели извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот