Сирискиот претседател во посета на Кина

Фото: EPA-EFE/SANA

Сирискиот претседател Башар ал Асад и кинескиот претседател Си Џинпинг ќе бидат меѓу официјалните претставници кои ќе присуствуваат на церемонијата на отворање на Деветнаесеттите летни азиски игри во Хангжу, Кина, пренесоа светските агенции.

За таа цел, Асад и неговата сопруга Асма пристигнаа во Кина со авион обезбеден од кинескиот лидер.

За време на престојот, сирискиот претседател ќе разговара со својот кинески колега и за перспективите за трговско-економска билатерална соработка.

Асад е придружуван и од делегација која ќе разговара со високи кинески лидери.

Како што пренесуваат агенциите, двете земји подготвуваат голем број важни политички и економски иницијативи насочени кон развивање на партнерството меѓу нив.

Ова ќе биде втора посета на Асад на Кина. Првата беше во 2004 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот