
Синот на Вил Смит го отвара ресторанот „Те сакам“: Секој бездомник мора да добие храна!
Синот на славниот актер Вил Смит, пејачот и актер Џејден Смит (22), планира да отвори ресторан во Лос Анџелес, во кој бездомниците ќе јадат бесплатно.
Препорачано
Џејден ќе отвори ресторан кој ќе се вика „Те сакам“ (I Love You), со цел да помогне да се прехранат оние на кои тоа им е потребно, а тој всушност веќе две години го води бизнисот со камионите за храна „Те сакам“, кои исто така се за бездомници.
Неговите камиони со храна ги снабдуваат бездомниците во Лос Анџелес, а новиот ресторан би требало да понуди трајно решение и да им помогне на оние на кои тоа им е неопходно. Трошоците ќе ги надомести така што лицата кои имаат пари да платат храна ќе платат повисока цена.
View this post on Instagram
„Бездомниците мораат да добијат бесплатна храна. Доколку не сте бездомник, не само што мора да платите, туку мора да платите и повеќе од тоа што вреди храната и да платите порција за тој што стои зад вас“.
Џејден влезе во музичките води како гостин во песната „Never Say Never“, која ја сними со Џастин Бибер, а исто така настапи и на еден од најголемите фестивали во светот – „Коачела“, во пустината во Калифорнија.
View this post on Instagram
Растејќи во семејството на познат пар, според мислењето на многумина, раперот станува прилично совесен и се грижи за другите. Но, тој не се двоумеше порано за дополнително да ги шокира сите што го критикуваа неговиот имиџ и однесување.
Така, Џејден се облекуваше во здолништа, имаше неколку размазени испади кон персонал во хотел и ресторан, но тој во последно време ги воодушеви сите со својот „бизнис“ со храна за бездомници.