Синот на претседателот на Сомалија убил доставувач на храна во Истанбул па избегал од Турција

Истанбул, Турција / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Синот на претседателот на Сомалија предизвика сообраќајна несреќа во Истанбул во која загинаа доставувач на храна.

Мохамед Хасан Шеик Мохамуд наводно убил доставувач на мотоцикли на 30 ноември во сообраќајна несреќа во истанбулскиот кварт Фатих и наводно после тоа ја напуштил земјата.

Националниот дневен весник „Хуриет“ објави дека по ударот доставувачот кој бил татко на две деца, летал во воздух, тешко бил повреден и пренесен во болница, но починал на 6 декември.

Доставувачот со мотоциклот не ги прекршил сообраќајните правила, а констатирано е дека за несреќата е одговорен возачот на автомобилот, Мохамуд, односно синот на сомалискиот претседател, пишува Ал Џезира.

Полицијата го ослободи Мохамуд по прелиминарната истрага за несреќата, но турското обвинителство издаде меѓународна потерница за синот на претседателот на Сомалија во петокот, неколку дена откако тој ја напушти земјата.

Полицијата отишла во домот на Мохамуд, но тој не бил таму. Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу ги критикуваше властите што му дозволиле на осомничениот да ја напушти земјата.

„Животот на доставувачот е одземен поради несреќа што ја предизвикал синот на претседателот на Сомалија. Рековме дека ќе го следиме правниот процес, но осомничениот си замина од Турција со одврзани раце. Уште повеќе се зголеми болката на семејството на жртвата“, објави Имамоглу на платформата Х.

Сѐ уште нема одговор од претседателот на Сомалија, ниту информации од неговиот кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот