Симон Трпчески настапи во Солун

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески синоќа (сабота, 10 јуни) ја затвори сезоната на Државниот филхармониски оркестар на Солун. Во Церемонијалната сала на Универзитетот Аристотел под диригентската палка на маестро Милтос Логиадис, на програмата, освен дела од Респиги и Стравински,  беше и популарниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов. Топлиот прием од грчката публика, Трпчески го награди и со изведба на бис.

Грчкото оркестарско деби на нашиот пијанист се надоврза на серијата концерти која само во последниве два месеца го одведе на престижни сцени во Соединетите американски држави и Шпанија, регионално во Сараево и Љубљана, а во Женева настапи во ѕвездената камерна комбинација со најголемиот жив виолинист Максим Венгеров и еден од најпознатите виолончелисти на својата генерација Стивен Исерлис. Швајцарските медиуми се натпреваруваа во делењето критичарски ловорики за тројцата врвни инструменталисти кои, на пример според „Л  Тамп” ја одушевија публиката во салата „Викторија”. Критичарката Силви Боние својата зашеметеност од воодушевувањето по концертот вчудоневидено ја претставува низ дилемата „како дружењето на ова никогаш како постојано неоформено трио резултира во преседан чиниш отсекогаш сензибилитетите на тројцата уметници се усогласени во фузија што допира”, споредувајќи ја нивната изведба со „звучен и емотивен земјотрес со амплитуда од 100 степени” што ќе остави неизбришлив спомен за најдоброто што може да се понуди”.

Ваквите суперлативи и синоќешниот прием се секако дополнителна инспирација плус за нашиот пијанист чија концертна тура наредниот месец освен настапите со МАКЕДОНИСИМО на фестивалите во Дојран, но и во Литванија и Германија, продолжува и во Љубљана со Словенечката филхармонија и диригентот Васили Петренко и во Осор, Хрватска со Загрепските солисти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот