Силјановска-Давкова: Дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е бескомпромисна битката со мафијата

ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром Фото/Слободен печат: Драган Митрески

Ликови што наликуваат на оние од мафијата се вгнездени на највисоките позиции и тие или со чинење или со нечинење, гледање и помагање се исто така соучесници.

Во рамките на изборната кампања за кандидатката за претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, оддржа митинг во Аеродром.

-На почетокот од 2000 година, Роберт Хајслоп ќе рече: „Сите држави имаат мафија, ама на Балканот има опасност мафиите да имаат свои држави”. Сега кога ги гледам состојбите со корупцијата и криминалот, барам некаков излез, читам дека во Италија на времето донеле еден закон против мафијата и сега го препорачуваат – рече Силјановска-Давкова.

Гордана Силјановска Давковска-митинг во Аеродром / Фото: ”Слободен печат” / Драган Митрески

Таа рече дека дел од Програмата на ВМРО-ДПМНЕ е бескомпромисна битката со мафијата која се очекува да биде многу тешка, но мора да почне, а криминалот и корупцијата се системски.

-Ликови што наликуваат на оние од мафијата се вгнездени на највисоките позиции и тие или со чинење или со нечинење, гледање и помагање се исто така соучесници. Значи, не чека тешка битка! – порача кандидатката за претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот