ВРЕМЕНСКА ПРОГОЗНА: Силен јужен ветер, дожд и топло време

Пороен дожд/ фото МИА

Денеска нè очекува променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови, прогнозира УХМР. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Снег ќе врне само на највисоките врвови. Температурата ќе се искачи до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 15 степени.

Издадено е и метеопредупредување за следните денови кога под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар. Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината. Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот