Си-Ен-ЕН: Завршени директните напади меѓу Иран и Израел

Директните напади меѓу Израел и Иран завршија и Техеран нема да одговори на денешниот наводен израелски напад, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван разузнавачки извор во регионот, пренесе МИА.

Според истиот извор, Иран нема да одговори на денешниот наводен напад врз иранскиот град Исфахан.

Американски функционер претходно денеска изјави за Си-Ен-Ен дека Израел го нападна иранскиот град Исфахан како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 13 април, а иранските медиуми објавија дека три беспилотни летала биле соборени над Исфахан.

Иран го нападна Израел на 13 април со околу 300 беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз конзулатот во Дамаск на 1 април, во кој загинаа командантот на иранската револуционерна гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и петмина полицајци кои ги придружувале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот