Магдалена Андерсон,
Магдалена Андерсон, претседателка на Социјалдемократската партија на Шведска/ Фото EPA-EFE/Jessica Gow /TT SWEDEN OUT

Шведскиот Парламент ја избра Андерсон за првата премиерка на земјата

Шведскиот Парламент денеска ја избра лидерката на Социјалдемократската партија и актуелна министерка за финансии Магдалена Андерсон за прва жена премиер на земјата, откако таа постигна договор во последен момент кој и обезбеди клучна поддршка.

Андерсон ќе го наследи актуелниот премиер Стефан Лофвен, откако вкупно 117 пратеници гласаа „за” неа, 57 беа воздржани и 174 гласаа против.

Според шведскиот систем, на кандидатот за премиер не му треба поддршка од мнозинството во парламентот, туку само против него да нема мнозинство.

Според шведскиот Устав, премиерите можат да управуваат се додека парламентарното мнозинство – минимум 175 пратеници – не е против нив.

Шведска на пат да ја добие првата премиерка на земјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот