Шведска се враќа во нормала, ги укина ковид мерките

Шведска ковид/ Фото: EPA-EFE/Jessica Gow *** SWEDEN OUT

Точно две години откако официјално го пријави првиот случај, Шведска денес ги укина сите епидемиолошки мерки и целосно ги отвори границите за сите граѓани на Европската унија.

Дури и бројките на заразени и починати веќе не се главна тема на шведските медиуми. Иако десетици илјади позитивни тестови беа пријавени во Шведска во последните денови,  шведските власти им препорачаа на невакцинираните да избегнуваат гужви во затворени простории и на сите да останат дома доколку имаат симптоми на ковид-19.

„Пандемијата не е завршена, но ограничувањата се“

„Пандемијата не е завршена, но ограничувањата завршија. Сè уште има правила за невакцинираните лица. Важно е сите граѓани да останат дома доколку имаат симптоми. Тие не мора да се тестираат освен ако не работат во здравството“, изјави шведската министерка за здравство Лена Халенгрен, додавајќи:

„Сè уште има потреба луѓето да се вакцинираат. Доколку сте примиле две дози од вакцината, треба да земете трета. За да се продолжи заштитата од ширење на инфекција, но и од сериозни болести, потребни се три дози.

Кои мерки се укинати?

Според ова, од денес, веќе не важат следните епидемиолошки мерки: задолжителните ковид потврди за сите јавни собири во затворени простории со повеќе од 50 луѓе, сите јавни собири во затворен простор мора да имаат седишта, ограничување на јавните собири во затворени простории до 500 луѓе и најмалку 10 квадратни метри простор по учесник на јавните настани.

Затворањето на рестораните и баровите по 23 часот е укинато, ограничувањето од осум лица на маса во рестораните со најмалку еден метар простор меѓу масите, јавните простори како што се спортски сали, музеите, галериите, забавните паркови и базените мора да обезбедат најмалку 10 квадратни метри простор по посетител. Сите овие досегашни ограничувања се укинати.

Укинати се и препораките за работа од дома, за избегнување на возрасните да учествуваат на масовни спортски натпревари и кампови, делумното одржување настава на далечина на универзитетите и носењето маски во случај на метеж во јавниот превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот