швајцарско сирење EPA/GABRIEL MONNET

Швајцарското сирење на удар: Трамп воведува царина од 39 проценти, производителите се во шок

Швајцарските производители се соочуваат со сериозна криза откако американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царина од 39 проценти за швајцарските сирења, вклучувајќи ги познатите Гриер и Ементалер.

Веста ја шокираше владата во Берн, која до последен момент веруваше дека ќе може да постигне договор со Белата куќа за пониски царини, објавува Ројтерс.

Швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер и министерот за економија Гај Пармелен беа во итен престој во Вашингтон за да се обидат да го ублажат ударот врз домашната индустрија.

Само минатата година, САД купија 11 проценти од целиот извоз на швајцарско сирење, како и една третина од целиот извоз на сирење Гриер.

швајцарско сирење
EPA/GABRIEL MONNET

Здружението на производители на ова сирење (Interprofession du Gruyère) проценува дека извозот би можел да падне за 1.000 тони годишно, што би претставувало загуба до 15 милиони швајцарски франци (околу 16 милиони евра).

„Сирењето Гриер е веќе луксузен производ само по себе, а овие царини се огромни. Купувачите од САД веднаш ми се јавија – тие се загрижени, се надеваат на договор“, рече францускиот производител Ентони Марго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот