Што треба да знаеме за ракот на матка?

profimedia

Јануари е месец за подигање на свесноста за ракот на матката. Во 2020 година на 604.000 жени им бил дијагностициран рак на матката, а околу 342.000 жени починале од оваа болест. 

Во светски рамки, но и кај нас, малигните заедно со кардиоваскуларните заболувања се водечки причини за смрт. Ракот на грлото на матката е седмиот најчест вид на рак, а е четврта најчеста причина за смрт кај жените болни од рак. Статистиката вели дека во последните години бројот на жени со оваа дијагноза значително се зголемил. Така, во 2020 година на 604.000 жени им бил дијагностициран рак на матката, а околу 342.000 жени починале од оваа болест. Овие бројки се доволна причина да се насочи вниманието кон овој глобален здравствен проблем.

Во справување со ракот на матката и репродуктивните органи, Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC International Agency for Research on Cancer) е таа која ја насочува глобалната стратегија на Светската здравствена организација и препорачува активности за подигнување на свесноста.

pofimedia

Навремената превенција е најважна

Ракот на матката е еден од видовите рак кој може да се превенира и третира соодветно поради фактот што, за среќа, познат е главниот предизвикувач, тоа е вирусот ХПВ (Human Papilloma Virus). Постои и соодветна вакцина против високоризичните форми на ХПВ, а скрининг-програмите исто така можат да ги откријат симптомите во рана фаза и со тоа да се преземе навремен третман во лекување на оваа болест. За жал, иако ХПВ-инфекциите се јавуваат кај околу 80 проценти од сите сексуално активни луѓе, симптомите можат да бидат отсутни, и партнерите да не бидат свесни дека се заразени сѐ до моментот кога ракот не дојде во напредна фаза. ХПВ генерално предизвикува промена во клетките на грлото на матката, кои можат да доведат до развој на цервикална интраепителна неоплазма, која може да доведе до рак.

Ракот на грлото на матката може да се манифестира со вагинално крварење.

Првите препознатливи симптоми на болеста се:

– водлест или сукрвичав секрет од вагината, обилен и со непријатен мирис

– крварење од вагината во текот и по половиот однос, меѓу две менструации или по менопаузата, менструациите се пообилни и траат подолго од вообичаено, умерена болка за време на сексуален однос.

Без разлика дали постојат симптоми или не, препорачаните скрининзи, брисеви и гинеколошки прегледи треба да се прават редовно, а тоа може да го направите во клиниката „Жан Митрев“. Информирајте се или закажете на тел. 02 309 1484. 

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот