Што треба да направи Нејмар за да се врати во Барса?

twitter.com/jovempansports

Бразилската ѕвезда на париските „светците“ доколку има намера да се врати на „Камп Ноу“, ќе мора да ги повлече тужбите кон клубот и да се извини.

Потпретседателот на Барселона, Жорди Местре смета дека Нејмар има неколку работи што треба да ги направи доколку сака да се врати на „Камп Ноу”.

Бразилецот замина во 2017 година во редовите на францускиот шампион и не го направи тоа на најдобар начин, а тоа ги налути обожавателите.

Еден од најдобрите играчи на светот во претходниот период се најде во разговор со англиската легенда Дејвид Бекам за можен трансфер во САД.

– Од емотивна гледна точка и начинот на кој замина, јас повторно не би потпишал со него. Од спортски аспект, сепак, би сакал. Доколку станува збор за неговото враќање, тој мора да направи гест од своја страна. Тој мора да ги повлече тужбите кон клубот, да се извини и ќе живее речиси совршен живот. Никој не знаеше дека ќе замине затоа што не кажа никому. И, тогаш тој брзо почна да жали за тоа што направил – рече Местре.

Тој ја коментираше и врската помеѓу Лионел Меси и Ерик Абидал.

– Мислам дека обајцата разбираат што тргна наопаку. Последното нешто што обајцата сакаат е да му наштетат на клубот – додаде потпретседателот на каталонскиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот