Што се крие зад мистериозните самоубиства на руските лекари? (ВИДЕО)

Profimedia

Коронавирусот сè уште го привлекува вниманието на светската јавност. Последниве денови посебен фокус е насочен кон Русија, но не толку поради сè поголемиот број инфицирани со ковид-19, туку поради инцидентите самоубиствата и обидите за самоубиство на тројца руски лекари.

Во период од 8 дена, од 24 април до 2 мај, тројца медицински работници скокнале од прозор. Двајца починаа, додека третиот се бори за живот со прелом на лобањата после падот од втор кат.

Овие случаи привлекоа големо внимание бидејќи сите тројца лекари отворено го критикуваа одговорот на државата на епидемијата на коронавирусот.

Но реалноста е сосема поинаква. Медицинските работници се жалат на недостаток на заштитна опрема, како и на тоа дека се на граница на силите бидејќи работат под притисок на управата која стравува да не ги изгуби привилегиите и статусот.

Смртта на Наталија Лебедева

Наталија Лебедева (48) почина по падот од шестиот кат на московската болница откако наводно е обвинета дека го проширила коронавирусот. Според зборовите на вработените во таа установа, Лебедева е поставеназа главна на приемите на пациентите заразени со ковид-19.

Меѓутоа, бројот на инфицираните се зголемил, па дури и докторката се заразила во текот на борбата со епидемијата. За несреќата да биде уште поголема, надлежните ја обвиниле Лебедова дека е одговорна што не успеала да се справи со коронавирусот, па се претпоставува дека тоа е причината што докторката одлучила да изврши самоубиство.

После Лебедева, се самоуби докторката Јелена Непомњашаја

Само еден ден откако се самоуби Наталија Лебедева, 47-годишната Јелена Непомњашаја, главен доктор во болницата во Краснојарск, скокнала од петтиот кат на болницата. Починала една недела подоцна од повредите добиени при падот.

Неименуван извор од болницата за медиумите рекол дека таа била добар раководител и дека сите ја сакале. Меѓутоа, наводно не се согласувала со планот на локалните власти заразените од коронавирус да се префрлуваат во тој објект и така да ја исполнат квотата на капацитетите за болни од ковид-19.

Болницата не беше подготвена за оваа промена. Имаше само еден респиратор и недоволно заштитен материјал за вработените. До нејзината смрт таа барала залихите да бидат пополнети“, рекол вработен од болницата кој сакал да остане анонимен.

принтскрин/Youtube

Не е познато како изгледал разговорот на Непомешњаева и регионалниот министер за здравство, Борис Немик.

Имаа конференциски повик пред да скокне Јелена. Таа не беше нестабилна и суицидна, но којзнае какви биле барањата и заканите што и се упатени. Она од што најмногу се плашиме е тоа што нејзината смрт ќе биде заведена како убиство на нестабилна жена која не можела да се избори со притисокот, вели анонимниот извор.

принтскрин/Youtube

Трет случај за осум дена

Само една недела подоцна, лекар на одделението за брза помош во западниот руски округ Воронеж, Александар Шулепов, паднал од прозорецот на болницата по обвиненијата дека бил принуден да работи дури и откако имал позитивен резултат на коронавирус.

Тој се наоѓа во тешка состојба, а во видеоснимките кои претходно ги објавил предупредува дека на медицинските работници им недостасува адекватна опрема за борба против коронавирусот.

Александар Шулепов (лево)

Дмитриј Бељаков, претседател на независното Здружение на медицински работници рекол дека нема сомнение дека сите три инциденти се обид за самоубиство. Исто така истакнал дека ова не е случајност и ги обвинил менаџерите на болниците.

Менаџерите не знаат што да прават, па од некои лица прават жртвени јагниња. Исцрпени од борбата со коронаиврусот и од огромниот притисок што им е наметнат, докторите сами се фрлаат низ прозорците“, вели Бељаков.

Валери Вечорко/Facebook

„Се наоѓаме на првата линија на фронтот…Нема пиштоли, пушки и топови, но морам да ви кажам дека е уште пострашно“, рекол Валери Вечорко, главен доктор во Градската болница бр. 15 во Москва.

Анастасија Василева/принтскрин

Докторката Анастасија Василева го обвинува системот, односно деструкцијата на здравствениот систем за самоубиствата на докторите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот