Сонување/Профимедиа
Panthermedia / Profimedia

Што кажуваат соништата и како преку нив се откриваме себеси?

Соништата и нивното толкување се тема која интригира од одамна, но со добра причина. Еве за што станува збор.

Откако почна пандемијата, соништата кај луѓето неминовно доживеаја промена. Наместо да сонуваме работи кои регуларно ни „влегуваат“ и „излегуваат“ од животната рамка, многумина од нас сонуваа отворен простор, средба со пријатели со кои одамна се немаа видено, ноќните мори станаа почести, а сугестивните соништа редовни.

Карантинот си го правеше своето – во многу наврати, соништата на некои мои блиски беа поврзани со непозната болест, стравови, работи што не можеа да си ги објаснат или одгатнат.

Секако соништата се размислувања кои подлежат на биохемиски врски во нашиот мозок. Дневните окупации во секојднеието ги „претвораат“ соништата во она што навечер ни се чини како филм, интуиција, претскажување. Често не можеме да си го дешифрираме, но можеме да „следиме“ одредени повторувања, чисто за да дознаеме дали имаат некакво значење.

РЕМ фаза

Најголем дел од сништата ни се случуваат во текот на REM фазата, кога очите ни се движат забрзано напред-назад, а телото ни е неподвижно.

Соништата се „градат“ низ ноќта, и како полека ја напуштаме РЕМ фазата, така и заплетот во сонот станува посилен, поемотивен, а асоцијациите се бизарни. Сите чудни комбинации на луѓе од вашите соништа се материјализираат во префронталниот кортекст, дел од вашиот мозок кој е задолжен за логично размислување. Тој е помалку активен додека сонуваме и од таму „слободата“ во сон да видите некој што не го знаете или некој чуден облик или форма.

Во сонот не постои цензура

Професионалците велат дека во нашиот мозок не постои сензор кој кажува што има а што нема смисла во сонот. Визуелниот кортекс ја зголемува својата активност. Овие промени често доведуваат до надреални сценарија.

Некои луѓе воопшто не сонуваат

Сите сонуваат – луѓето кои велат дека не сонуваат, всушност не го паметат дејствието во сонот. Тие се во краткорочната меморија и брзо се „распрснуваат“. Најчесто ги паметиме интезивните сонови што не’ разбудиле, кошмарни или „вивидни“. Анксиозноста кај луѓето исто така додава на живописноста на сонот.

Што значат соништата

Нажалост не постои еден единствен соновник на основа на која може да се дешифрираат соништата. Значењата се индивидуални, и во многу различни култури, различни симболи укажуваат на различни чувства, сугестии или верувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот