Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Profimedia/Скриншот/Јутјуб

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„The Ugly Truth“ – филм на Нетфликс

Телевизиската продуцентка Аби склучува договор со Мајк, кој е циничен за врските и се согласува да учествува на неколку тестови за врска за да го спаси нејзиното шоу и да го придобие Колин, нејзиниот лекар од соседството.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 6.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 14%

„Firefly Lane“ – серија на Нетфликс

Тали и Кејт се среќаваат како млади девојки и стануваат неразделни пријателки низ следните 30 години, низ сите подеми и падови.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 57%

„Riot“ – филм на Ејџ-би-о

Филмот го прикажува движењето за правата на хомосексуалците во 1970-тите во Австралија и посветените луѓе кои го прифатија славењето на различноста.

Жанр: романса/драма / „IMDB“ оценка: 6.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„The Girls on the Bus“ – серија на Еџ-би-о

Четири новинарки наоѓаат пријателство, љубов и скандали додека ја следат парадата на неуспешни кандидати во непредвидливата претседателска кампања.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 5.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 53%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот